Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје дојде до уште една победа на подготовките за новата сезона

Објавено

на

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје дојде до втората победа на вториот тест на подготовките за новата сезона.

Избраниците на Александар Петровиќ овојпат беа подобри од српскиот прволигаш Здравље Лесковац кого го совладаа со 81-72. Ова беше средба во која МЗТ одново не можеше да смета на доста играчи како Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Адем Мекиќ и Бре Ајви, но и без нив „металците“ во еден цврст и борбен дуел издвојуваа триумф над сставот од Лесковац.

Кафи со 16 и Јигитоглу со 15 кошеви беа најпрецизни, двоцифрени уште беа Миќовиќ и (Дамјан) Стојановски со 13 поени и (Војдан) Стојановски со 12 поени.

Следен контролен предизвик за сино-белата чета е „Земун купот“ во Белград (16 и 17 септеври) каде што ќе настапат уште и Младост Земун, Вршац и Борац Бања Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни