Поврзете се со нас

Свет

Мурињо откри во кои два спорта е заљубен покрај фудбалот, но има еден кој никако не може да го сфати

Објавено

на

Жозе Мурињо си договорни неколку ангажмани со познати светски медиуми како специјален аналитичар за Европското првенство кое стартува утре, но во најавата за континенталниот турнир, даде неколку интересни изјави кои немаат никаква поврзаност со случувањата кои ќе следат.

Искусниот португалски стручњак се почесто дава одговори и за италијанските медиуми со оглед на тоа што се обврза да ја преземе Рома, па во последното гостување откри кои два спорта ги следи со посебна страст покрај фудбалот.

Жозе се смета себеси за голем фудаблски фанатик, но истата страст кај него се буди и кога гледал Формула 1 и тенис.

– Комплетно сум опколен со спорт од сите страни. Ги сакам Олимписките игри и едвај чекам да ги гледам. Зависен сум од Формула 1 и од тенис, но постои еден спорт кој никако не го разбирам. Никогаш не го разбрав и не го разбирам ниту ден денеска.

– Станува збор за крикет. Додека работев со Сер Боби Робсон, никако не можев да сфатам и да разбрам како тој е луд по тој спорт. Ни ден денеска не разбирам како можеше да биде толку вљубен во крикет, – вели Мурињо кој му беше помошник на легендарниот Робсон во Спортинг, Порто и Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни