Поврзете се со нас

Италија

Мурињо ја запре победничката серија на Наполи, па веднаш го објави составот за наредниот меч

Објавено

на

Рома е првата екипа која сезонава му оддолеа на Наполи, односно успеа да му откина два бода играјќи без голови на „Олимпико“.

Ова средба за „волчицата“ беше рехабилитација по дебаклот кој го доживеа во четвртокот против Бодо Глимт во Норвешка, меч на кој загуби со 6-1 во Конференциската лига. Тој тежок пораз донесе големи промени во составот, а пет играчи не беа ниту на клупата за резерви за дуелот против наполитанците.

Имено Жозе Мурињо одлучи да ги испрати на трибините Мараш Кумбула, Амаду Диавара, Рикардо Калафиори, Гонзало Вилјар и Борха Мајорал и со тоа да испрати јасна порака дека е незадоволен од нивниот настап.

Како што стојат работите Мурињо нема намера во моментов да го шири составот, да им дава подеднаква можност на сите играчи и за тоа најдобро говори фактот дека против Калјари за само три дена планира да игра со истиот тим како и денеска.

-Ќе биде истиот како денеска, -порачал Мурињо на пресот по натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни