Поврзете се со нас

Светски првенства

Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија со една победа ја заврши првата фаза на мундијалот во Египет, победа над Чиле доволно за пласман во главната рунда каде за ривали ќе ги имаме Словенија, Русија и Белорусија.

Сите овие репрезентации на хартија ќе бидат фаворити против нас, меѓутоа тоа ќе треба да го потврдат на теренот каде пак избраниците на Данило Брестовац имаат намера да дадат се од себе за да дојдат до позитивни резултати.

-Она што ни беше првична цел успеавме да ja оствариме, дојдовме до пласман во главната фаза. Сега пред нас се три тешки натпревари со квалитетни репрезентации за ривали, се надевам ќе одиграме подобро и ќе прикажеме поквалитетна игра.

-Најважно е да бидеме храбри, немаме што да загубиме и мора да влеземе растеретени со желба за докажување, борбена и агресивна игра. Знаеме кои се нашите квалитети, не се залетуваме, ама нема ни предвреме да се предадеме. Видовме Словенија загуби од Русија, ова значи дека сигурно имаат проблеми во играта. Ќе видиме утре на терен, -истакна голманот Никола Митревски.

Утрешната средба Македонија-Словенија се игра од 15:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни