Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски и Порто заборавија да победуваат во ЛШ

Објавено

на

Порто беше незгоден противник за сите тимови во Европа минатата сезона, но на стартот на оваа игра непрепознатливо и португалскиот тим едноставно не знае да победа во ракометната елита.

Тимот на Никола Митревски го забележа и петтиот пораз на петтиот меч во новата кампања во Лигата на шампионите, а овојпат загуби од ГОГ Гудме.

Данскиот тим го искористи лошиот момент на португалската екипа и славеше сигурна победа од 26:33, натпревар на кој Митревски ја делеше минутажа со својот колега на голот.

Македонскиот репрезентативец беше далеку од својот стандарден учинок и просек и имаше само две одбрани од испратени 13 удари кон неговиот гол.

На останатите средби во Лигата на шампиони, Целје загуби од Кјелце 30:33, Веспрем и Магдебург ремизираа 35:35, а Нант го надигра Кил со 38:30.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни