Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски и Порто минимално поразени од ПСЖ

Објавено

на

Порто на нашиот Никола Митревски претрпе минимален пораз од ПСЖ од 29-28 (15-11) на вечершното гостување во Лигата на шампионите.

Португалскиот првак постојано го бркаше водствтото на „светците“ кои пак знаеја како да ја сочуваат предноста иако противникот во неколку наврати се закани и дојде на минус еден во второто полувреме. На крајот ова е сосема заслужена победа на избраниците на Гонзалес, тим во кој Хансен со 9 голови беше најпрецизен.

На спротивната страна Салина Амадор со 5 погодоци ја предводеше листата на стрелци, додека пак Митревски на голот запиша 4 одбрани исто како и колегата Кинтана Браво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни