Поврзете се со нас

Свет

Миротиќ го доби признанието МВП, соиграчите го фрлија во базен (ВИДЕО)

Објавено

на

Членот на Барселона, Никола Миротиќ е најдобриот играч во АЦБ лигата за оваа натпреварувачка кампања.

Тој доби најмногу гласови од медиумите, навивачите, играчите и тренерите со што по вторпат во неговата кариера го подигна ова признание со тоа што во првиот случај го носеше дресот на Реал Мадрид.

Миротиќ собра најмногу поени и тоа 90 со што го остави далеку зад себе плејмејкерот на Реал, Факундо Кампацо. Воедно Црногорецот со шпански пасош е првиот играч на Барселона кој успеал да дојде до ова признание по Хуан Карлос Наваро кој тоа го направи во сезоната 2005-2006.

Соиграчите на специфичен начин му честитаа на Миротиќ и го испратија, фрлија во базен.

Освен МВП и Кампацо во најдобрата петорка се најдоа Шермандини, Препелиќ и Бутијел, додека во втората „петка“ се Ханга, Абалде, Уертас, Шенгелија и Тавареш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни