Мото ГП
Мир стигна до прва победа во сезоната и дојде на чекор од титулата во Мото ГП

Жоан Мир беше лидер во генералниот пласман и покрај тоа што немаше остварено ниту една Мото ГП победа оваа сезона, но сега на две трки пред крајот, конечно стигна и до највисокото скалило на пиедесталот и стигна чекор поблиску до најголемиот успех во кариерата.
Шпанскиот возач на Сузуки ова попладне беше најбрз на трката за Големата награда на Европа која се вози во Валенсија, добивајќи го дуелот со својот сонародник и тимски колега Алекс Ринс, но што е уште поважно, ги остави далеку зад себе главниоте ривали за титулата.
Возачите на Јамаха имаа ужасен ден и со тоа го оставија Мир во пол позиција за осовјување на титулата, бидејќи Вињалес заврши 13-ти, Квартарато 14-ти, а нешто подобар беше Морбидели кои заврши 11-ти.
Повратникот Валентино Роси поради проблеми со моторот не ја доврши трката, по која Мир сега има се во свои раце да се радува на трофејот уште на следната трка.
Возачот на Сузуки сега има дури 37 бодови предност во однос на второпласираните Квартараро и Ринс на две трките пред крајот, со тоа што следниов викенд одново се вози на патеката во Валенсија.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Италијапред 22 часа
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Германијапред 20 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 24 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел
- Италијапред 21 час
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А
- Италијапред 22 часа
Меџорини се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)