Репрезентација
Милевски: Изборот на играчи е тој, најважно е да бидат здрави и да се стават во функција на тимот

Македонија на крајот на овој месец ја очекуваат два натпревари, првиот против Малта со кој го отвараме квалификацискиот циклус за Европското првенство, а вториот пријателски против селекција на Фарски Острови.
Селекторот Благоја Милевски се соочи со проблеми околу составот со оглед на тоа што дел од играчите се повредени, дел се во лоша форма, немаат минутажа, па мораше да се направи еден микс за кој ќе видиме како ќе функционира во наредниов период.
Милевски го соопшти списокот за Малта, Здравковски ново име во националниот тим (ФОТО)
-Носителите на играта во минатите квалификации за СП и во Лигата на нации имаат проблеми со минутажа и настапите, формата, па најважно е во овој момент е сите да бидат здрави и да се стават во функција на тимот. Изборот е тој, не можеме да сметаме на Костадинов, Серафимов и Дориев, Тодороски е недостапен поради црвениот картон со Бугарија. Спировски и Николов поради слаба форма и минутажа не се повикани, -рече Милевски кој говореше и за Аријан Адеми кој прави трансфер во Кина.
-Аријан е добар дечко, професионалец и тоа што ќе оди во Кина не би требало да биде проблем да и се стави на располагање на репрезентацијата. Му честитам за трансферот, Македонија треба да биде горда на еден таков фудбалер, -рече селекторот кој не ја потценува Малта.
-Нема аутсајдери во денешниов фудбал. Секој квалитетот треба да го покаже на терен. Поквалитетни сме и индивидуално и како тим, но треба тоа да го докажеме на терен. Очекувањата се тие. Кога има некој одреден квалитет, и кој сте го докажале во минатото јавноста очекува да бидете на ниво. Ќе дадеме се од себе да ги почнеме со успешен настап и резултат овие квалификации. -истакна Боби.
Подготовките на репрезентацијата почнуваат на 19. март.
-
Светпред 22 часа
Озил означи крај на кариерата со слика од Реал: Месут реши да се пензионира на 34 години (Фото)
-
Балканпред 4 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Три меча ќе ја одредат судбината на Анчелоти во Реал
-
Репрезентацијапред 21 час
Непосакувана вест: Милевски остана без една опција пред мечот со Малта (Фото)
-
Репрезентацијапред 24 часа
Милевски: Ја научивме лекцијата, создававме тим за овие квалификации
-
Балканпред 11 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Светпред 16 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ