Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Имаме јасна цел, детали и индивидуални потези ќе го одлучат натпреварот

Објавено

на

Нашата сениорска репрезентација е пред нов тест во квалификациите за Светското првенство, овојпат на гостински терен во Рејкјавик каде за ривал ќе го имаме Исланд.

Исланд е селекција која е претпоследното место во групата со 3 освоени бода и тоа против Лихтејнштајн, меѓутоа тоа не треба да на залажува и за тоа се свесни во нашиот табор кои максимално го респектираат противникот, ама во исто време најавуваат атак на трите бода.

-Ерменија останува зад нас, жалам за пропуштените два бода, но направивме сѐ што беше во нашите можности. Ни недостасуваше завршницаи реализација. Се надевам сега тоа ќе го подобриме. Наше е да одиме да одиграме најдобро што знаеме, да одиме на победа. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Исланд е квалитетна екипа. Според она што го видовме на дуелот со Романија не заслужија пораз. Треба да бидеме на нашето најдобро ниво ако сакаме позитивен резултат. Исланѓаните сакаат да играат фудбал, да го имаат поседот во свои нозе. Тоа е различно од она што сме го гледале во минатото. Имаат друга филозофија. Сакаат топка во своите нозе. Меѓутоа тоа ќе зависи од нас и од нашиот пристап. Детали и индивидуални потези ќе го одлучат натпревар, -истакна селекторот Благоја Милевски и притоа додаде:

Овој тим е во фаза на трансформација, освежен со фудбалери кои имаа помал стаж во селекцијата, а кој со игрите за клубовите и младата репрезентација заслужија да се тука. Не чувствувам јас никаков притисок, ниту фудбалерите чувствуваат некаков притисок од јавноста. За нас, секој следен меч е најважен, така и овој со Исланд. Наше е до крај да останеме во трка за тоа второ место, -порача Милевски пред дуелот кој е закажан за утре од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни