Германија
Милер е легенда: Во свој стил ја опиша „брзата птица итрица“ на Баерн која му одржа лекција на Халанд (Видео)
Алфонсо Дејвис ги воодушеви фудбалските фанови со својот импресивен спринт на големото дерби во Германија кое се одигра денеска, ситуација во која успеа и да го неутрализира играчот кој е најголем хит во Бундеслигата.
Ерлинг Халанд одблиску ја почувствува брзината на феноменалниот Дејвис кој се претвори во вистинска сензација на Баерн оваа сезона, а комплименти за неговата партија против „милионерите“ не штедеа ниту германските новинари.
Левиот бек го доби речиси секој дуел со противниците и претставуваше голема закана и кон голот на Борусија со своите феноменални продори, но уште поимпресивно кај него е тоа што идентична брзина се враќа и назад.
Тоа го докажа во ситуацијата со Халанд, за која Томас Милер имаше и уникатен коментар по крајот на средбата.
– Станува збор за играч со големо срце и играч кој има голема сила. Екстемно е брз, па иако некогаш не е најдобро позициониран на теренот, го стига противникот. Кога противникот смета дека има време, тогаш „бип-бип“, доаѓа „брзата птица итрица“ на Баерн и ја краде топката, – порача Милер.
💨 MEEP MEEP
🎙️ @esmuellert_ on @AlphonsoDavies 😅 pic.twitter.com/FeRj0jjJOT
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) May 26, 2020
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)