Германија
Се најде лек и за гол машината: Супербрзиот Дејвис со импресивен спринт го неутрализираше Халанд (Видео)
Поради повреда на мускулот, Ерлинг Халанд го заврши своето прво „Дер Класикер“ дерби во 72-та минута, но и до тој момент, беше одлично чуван од играчите на Баерн кои му овозможија само една стопроцентна шанса за гол.
Токму таа ситуација донесе и многу полемики бидејќи при ударот, топката заврши и во раката на Боатенг, но наспроти ова, Халанд не можеше да дојде до израз и претежно беше фантастично чуван од супербрзиот Алфонсо Дејвис.
Талентираниот бек стана апсолутен хит со своето издание во Лигата на шампионите против Челси, но цела негова сезона е за вистински поздрав, бидејќи 19-годишникот изгледа како фудбалер кој неколку години игра за Баерн.
Неговата брзина на своја кожа ја почувствува и Ерлинг Халанд, феноменалниот напаѓач на Борусија Дортмунг кој одблиску се запозна со спринтот на Дејвис.
Алфонсо го „запали“ моторот кога виде дека Халанд може да постигне гол при контра, а како супериорно го стигна и ја реши ситуацијата погледнете на следното видео….
-
Светпред 24 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 13 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 13 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 11 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 23 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Светпред 12 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата