Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мејведер изнесен со специјални единици откако потрошил 7 милиони долари во продавница (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/floydmayweather/?hl=en

Флојд Мејведер освои 15 големи трофеи во својата блескава кариера која ја заврши без ниту еден пораз, но покрај тоа што се истакна со боксерските вештини, легендарниот Американец последниве години се истакнува и со препознатливот расфрлање со пари.

Мејвердер заработи стотици милиони евра како најдобар боксер во својата категорија, а добро познато е дека неговата голема страст се автомобилите за кои воопшто не штеди пари.

Флојд често знае да се истакне и со милионски облози на спортски настани, но последно го привлече вниманието во Јужна Африка каде морал да биде обезбедуван од специјални единици.

Причина за тоа била неговата посета во продавницата на омилениот бренд „Гучи“, каде според информациите потрошил неверојатни 7 милиони долари.

Присуството на бокс-ѕвездата во Јоханесбург предизвикало внимание од специјалните единици какво што не се памети во оваа земја цели 13 години, кога последно се играше Светско фудбалско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни