Поврзете се со нас

Италија

Медиумите го пренесоа завршното обраќање на Ањели за „бомбата“ во Јувентус: Единството е загубено!

Објавено

на

Андреа Ањели и цел негов борд на директори си поднесоа неотповикливи оставки и со тоа предизвика огромен потрес во италијанската спортска јавност, особено поради фактот што никој не очекуваше вакво сценарио, а истото воопшто не беше најавувано од ниту еден од инволивраните.

Новата реалност вели дека Јувентус ќе има нов претседател и нови водечки сили на стартот на 2023-та година, но Андреа Ањели како лидер на проектот кој ќе остане запаметен како еден од најуспешните во историјата, не пропуштил да се одјави со феноменален говор.

Ањели става крај на своето 12-годишно владеење во Торино, кое решил да го заврши со навистина моќни зборови кои се предизвик и за луѓето кои ќе го наследат.

– Играњето за Јувентус, работењето за Јувентус носи само една цел: Победа. Оние кои имаат привилегија да го носат дресот на Бјанконерите го знаат тоа. Оние кои работат во тимот знаат дека напорната работа го победува талентот, ако талентот не работи напорно. Јувентус е еден од најголемите клубови во светот и оние кои работат или играат тука, знаат дека резултатот се остварува само благодарение на напорите на целиот тим.

– Нашата историја и ДНК не навикнаат да победуваме. Од 2010 година ја почестивме нашата историја постигнувајќи извонредни резултати: Изградивме стадион, 9 титули во Скудетото по ред, први во Италија со Netflix и Amazon Prime шоуа, J|Medical центар, 5 последователни титули во женското Скудето. Тоа не е се, договорот со Фолксваген (малкумина знаат за тоа), стигнување до финалето на Лигата на шампионите во Берлин и Кардиф (што е она за што најмногу жалиме), договорот со Адидас, следната генерација Coppa Italia, првиот клуб што претставува тимови во извршната власт на УЕФА. Комитетот, Ј|Музејот и многу повеќе.

– Бернабеу, Олд Трафорд, Алијанц Арена, стадионот Вестфален, Сан Сиро, Георгиос Караискакис, Селтик Парк, Камп Ноу: каде и да одевме кога тимот беше обединет, од никого не се плашевме. Кога тимот не е обединет, тогаш тоа го отвора патот да ве повредат противниците и тоа може да биде фатално. Во тој момент, мора да имате остар ум за да ја намалите штетата: Се соочуваме со деликатен момент како клуб и тоа единство е загубено. Подобро да заминеме сите заедно давајќи можност за нов тим да направи пресврт. Нашата совест ќе биде нивен предизвик: Да се биде на ниво на историјата на Јувентус.

– Ќе продолжам да замислувам и да работам за изградување на подобар фудбал, утешен со фразата на Фридрих Ниче: „Оние што беа видени како танцуваат, беа третирани како луди од оние што не можеа да ја слушнат музиката“. Запомнете, ќе се препознаеме со поглед: Ние сме луѓе на Јуве! До крајот…., – гласи обраќањето кое го имал Ањели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни