Поврзете се со нас

Франција

Мбапе се врати во ПСЖ порано од предвиденото и со јасен план за својата иднина

Објавено

на

Килијан Мбапе го скратил својот летен одмор и вчера се појави во клупските простории на ПСЖ, или поточно, се појави во тренинг центарот на „светците“ многу порано од очекуваното.

Ваквиот професионален односн на Французинот наиде на силен поздрав од цела домашна јавност, а иако ова е само потврда за неговата посветеност на фудбалскиот терен, угледните медиуми од Франција пренесуваат дека ништо не е променето околу неговата конечна одлука.

Мбапе позираше во тренинг комплексот и ги одработи медицинските прегледи, по што ќе може да им се придружи на своите соиграчи кои веќе извесно време работат со новите засилувања кои ги доби тренерот Маурисио Покетино.

Француските медиуми тврдат дека Мбапе не се вратил порано на тренинзите за да потпише нов договор со ПСЖ, а на овие вести се надоврзаа и шпанските медиуми кои пак пренесуваат деак Килијан веќе има добро изработен план за тоа како ќе се одвиваат наредните 12 месеци.

Напаѓачот им соопштил на Ал Келаифи и останатите важни луѓе од ПСЖ дека ќе ја доработи последната година од договорот со клубот, по што како слободен агент ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид, клуб со кој тесно се поврзува веќе неколку сезони наназад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни