Поврзете се со нас

Франција

Мбапе изреагира како стопер и спречи гол на Меси, Лео не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси мајсторски асистираше до Нејмар за победа на ПСЖ во пресметката со Брест, на која Аргентинецот многу лесно можеше да се запише и во листатат на стрелците.

По вложениот напор на мечот со Јувентус, ѕвездите на ПСЖ не беа полетни како и обично, но Меси сепак беше доста расположен за игра и покрај асистенцијата, беше блиску и до гол.

За да биде ситуацијата уште побизарна, погодокот му го „одзема“ Килијан Мбапе, кој се најде на погрешно место во погрешно време и реагираше како стопер на Брест.

Меси имаше одличен прием на гради и лукаво гаѓаше во долниот дел од аголот на голот, но на патот до мрежата се најде Мбапе и не можеше да поверува во исходот на акцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни