Поврзете се со нас

Свет

Мбапе издвои двајца спортисти на кои им се поклонува: Тоа се шампиони кои се на врвот со години

Објавено

на

Килијан Мбапе е во последната година од договорот со Пари Сен Жермен и како што сега стојат работите има големи шанси да ја промени клупската средина во 2022 година.

И додека се чека некоја поконкретна информација, збор на ова тема Мбапе си го одбработува она за што е платен на теренот, додека пак надвор од него знае се почесто да се појави во медиумите и да говори на оваа и други интересни теми.

Токму Мбапе имаше едно интервју за „Париз Меч“ на кој отворено говореше на доста прашања, па се претстави себеси во поинакво светло.

-Човечките односи се многу повозбудливи од парите. Животните искуства се поважни од парите, иако се важни затоа што имаме семејства за кои треба да се грижиме. Пред се, копнеам за откритија, патувања, запознавање други играчи, различни култури… На почетокот ми беше малку тешко да се навикнам да ме сметаат за ѕвезда. За среќа, моите родители не зборуваа со мене за пари. Тие ја направија вистинската работа. Како ќе успеете да одгледате 14-годишно дете откако ќе му кажете дека тоа чини милиони долари? Затоа мојот однос кон парите е мирен. Знам дека се важни и среќен сум што ги имам, но тие не ми се секојдневна мотивација, -истакна Мбапе кои издвои двајца спортиски на кои им се восхитува и многу ги почитува.

-На кои спортисти им се восхитувам? Рожер Федерер и Рафаел Надал – двајца шампиони кои знаат да останат на врвот долги години. Нивната постојаност не е достижна за секого, -рече напаѓачот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни