Германија
Матеус: Ова е најдобар тим на Баерн во историјата, но е само трет фаворит за трофејот во ЛШ!

Лотар Матеус будно ги следи сите случувања во Баерн Минхен и често ги споделува своите мислења со јавноста, а ставовите обично се максимално искрени и објективни.
Легендарниот играч на Баерн пред две-три години знаеше да ја критикува политиката која ја водат Хасан Салихамиџиќ и неговите помошници на трансфер пазарот, но сега вели дека Брацо завршил одлична работа во последно време и според него овој Баерн го има најдобриот тим во историјата.
– Кога сите играчи се здрави, ова е најдобриот тим на Баерн во историјата. Кога го велам ова, велам за самиот квалитет на играчите и целиот тим. Баерн сега во ростерот има 20 играчи кои можат во секој момент да играат во стартната постава.
– Во мое време имаше само 13 такви играчи, а потоа 16 или 17. Затоа Нагелсман сега може комотно да прави пет измени и да нема никаков проблем. Пред две години го критикував Баерн бидејќи во тимот немаше голем квалитет. Не велам дека тоа се промени поради моите критики, но очигледно е дека во клубот почнаа да работат на тоа. Беа активни на трансфер пазарот и секоја чест за Брацо Салихамиџиќ.
– Сепак, големите имиња не го освојуваат пехарот во Лигата на шампионите, тоа го прави најдобриот тим. Пред мечот со ПСЖ нагласив дека овој Баерн може да го освои трофејот. Баерн е еден од фаворитите, но не е прв фаворит, туку трет. Пред нив се Реал Мадрид и Манчестер Сити, а не смееме да ги потцениме Бенфика и Наполи, – завршува Матеус.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон