Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Модриќ се врати повреден во Мадрид, познато колку ќе мора да паузира

Објавено

на

Лука Модриќ ги одигра сите 90 минути на двата меча на кои Хрватска победи во изминатата седмица, успех кој им овозможи на „коцкестите“ да се пласираат на завршниот фајнал-фор турнир во Лигата на нации.

Модриќ беше еден од стрелците на средбата против Австрија која се играше во Виена, но со оглед на акумулираниот замор, денеска му била дијагностицирана повреда при враќањето во шпанската престолнина.

Угледната „Марка“ открива дека искусниот Модриќ не остана имун на таканаречениот „ФИФА вирус“ кој ја остави Барселона без четворица првотимци во краток временски интервал. Добра вест за Реал и Анчелоти е тоа што повердата на Лука не е сериозна, односно станува збор за акумулиран стрес на мускулот, поради што ќе мора да паузира десетина дена.

Истата вест ја потврди и вториот најгуледен весник од Мадрид, познатиот „АС“, кој додава дека Модриќ во секој случај ќе биде подготвен за големото „Ел Класико“ дерби кое се игра на 16-ти октомври.

Играчот за врска ќе ги прескокне трите наредни меча со сигурност, два во Ла Лига против Осасуна и Хетафе, еден во Лигата на шампионите против Шахтјор, а планот сигурно ќе биде да добие минутажа на гостувањето против Шахтјор пред дербито со Барса на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни