Поврзете се со нас

Германија

Мане се врати, Баерн покажа сила против Унион Берлин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен му одржа лекција на Унион Берлин во денешното дерби во Бундеслигата.

Гостите од германската престолнина се најпријатно изненадување во актуелнава сезона и се при самиот врв на табелата, кандидати за пехарот ако се земат во досегашните резултати, но вечерашнатат средба на „Алијанц Арена“ покажа дека се далеку од тоа вистински да го загрозат актуелниот првак.

Домаќинот доминираше и за едно полувреме ги реши сите дилеми, односно од 31 минута до судиското продолженијја погодија за Чупо Мотинг, Коман и Мусиала за 3-0, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Ова воедно беше и средба на која на терените се врати и Садио Мане, тој влезе во игра во 65 минута што е уште една позитивна вест за баварците.

Четата на Нагелсман е прва на табелата со 46 бода пред Дортмунд кој има ист број на поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни