Поврзете се со нас

Европски првенства

Манчини ги погоди замените, Италија по драма со продолженија до четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија е вториот патник во четвртфиналето на 16. Европско фудбалско првенство.

„Аѕурите“ иако важеа за големи фаворити на хартија против Австрија мораа добро да се испотат за да дојдат до билетот за следната фаза на овој голем турнир. Италијанците одиграа добро прво полувреме во кое сепак не успеаа да дојдат до гол, во вториот дел пак беа надиграни од Австријците кои постигнаа погодок преку Арнаутовиќ, ама истиот со помош на ВАР беше поништен поради офсајд.

Воедно во 75 минута момците на Фода исто беа блиску до можност да добијат пенал, ама претходно во акцијата имаше офсајд и затоа судијата Тејлор не можеше да покаже на белата точка.

Промени немаше, резултатoт во регуларниот дел остана 0-0 по што се пристапи кон дополните 30 минути во кои Италијанците се покажаа како подобри. Резервистите Киеза и Песина со своите голови донесоа водство за 2-0, додека Калајџиќ во 114 намали на 2-1 и донесе надеж за Австријците.

Ова за Италија беше прв примен гол по 1,168 минути. До крајот немаше некои посериозни шанси, па четата на Манчини дојде до славје со кое постави нов рекорд, 31 натпревар во низа без пораз.

Нивен противник во четвртфиналето ќе биде подобриот од дуелот Португалија-Белгија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни