Поврзете се со нас

Свет

Манасков и Веспрем со убедлива победа се загреаја за ЛШ

Објавено

на

Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков имаше убедлив настап против Чурго (34-21) во првата лига на Унгарија.

Ова за избраниците на Момир Илиќ беше последен тест пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, сезона која ќе ја отворат со дербито против Пари Сен Жермен закажано за 16 септември.

Фаворитот во двете полувремиња даде по 17 гола, првото го доби со 17-11, а второто со 17-10.

Маргуч и Лагитвари со по 5 голови беа најефикасни, додека Манасков беше автор на два погодоци.

Деки и компанија имаат два од два во кампањата 2021/2022 во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни