Поврзете се со нас

Франција

Макрон обелодени какво влијание имал врз Мбапе за одлуката да го одбие Реал Мадрид

Објавено

на

Тјери Анри откри дека Емануел Макрон бил еден од оние луѓе кои се обидувале да го натераат Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, а откако оваа вест и стана позната на јавноста, новинарите од Франција побараа одговори од претседателот на оваа земја.

Макрон сега самостојно призна дека го убедувал Мбапе да ја прифати понудата на ПСЖ и да го одбие Реал Мадрид, бидејќи негова цел е да ги штитите интересите на Франција во секое поле, вклучувајќи го и спортот.

– Да, вистина е дека имав разговор со Килијан Мбапе пред да донесе конечна одлука за својата фудбалска иднина.

– За време на разговорот, се фокусирав на тоа да го информирам колку би било добро да остане во Франција. Како претседател на оваа земја, мене ми е цел да ги штитам нашите интереси. Сметам дека тоа е моја одговорност, – вели Макрон, кој е разочаран од случувањата пред Стад де Франс на големото финале во ЛШ.

– Јас се солидаризирам со сите фанови кои не успеаја да влезат на стадионот, а кои платиле за својот билет. Мора да ги обесштетиме овие луѓе што е можно поскоро. Барам транспарентност при откривање на виновниците, побарав од владата да открие што се случило и да најде одговорност, – додава Макрон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни