Боречки спортови
„Макпетрол“ се врати со осум медали од силниот карате турнир во Бјелина (Фото)

Карате клубот Макпетрол – Скопје изминатиов викенд зема учество на меѓународниот карате турнир НОЌ НА ШАМПИОНИТЕ 2022 , кој се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.
Македонскиот клуб испрати 10 натпреварувачи во Бјелина на турнирот на кој учество земаа 639 спортисти од 10 различни држави, а оттаму се врати со осум освоени медали.
Медалите беа освоени во тешка конкуренција, а од осум одличја, четири беа сребрени и четири бронзени.
1.Ангела Мојсовска сребрен медал , сениорка +68 кг
2. Стефан Стојанович сребрен медал, сениор +84 кг
3. Витомир Трајковски сребрен медал , сениор -84 кг
4. Јована Мицовска сребрен медал , Јуниорки -59 кг
5. Петар Заборски бронзен медал, сениори -75 кг
6. Давид Петков бронзен медал, сениор -75 кг
7. Викторија Јовановска У21 -61 кг
8. Викторија Јовановска сениорки, -61 кг
Спортистите Глигор Петков, Димитар Лозановски, и Данило Божовиѓ не успеаја да освојат медал на овој силен турнир.
– Овој турнир за нас имаше пред се контролен карактер. Контролата ја направивме во извонредна конкуренција со квалитетни натпреварувачи од Србија и Црна Гора и комплетната репрезентација на Босна и Херцеговина. Задоволни сме од моменталната спортска форма, која во моментов уште не е на највисокото ниво. Сите спортисти кои настапија имаа по повеќе борби во своите тежински категории и тоа со добри и квалитетни натпреварувачи. Затоа точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме но и недостатоците кои треба да ги поправиме. За сениорите ова беше одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција , да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун, – гласи изјавата на тренерот Бошко Заборски.
-
АТПпред 22 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Италијапред 21 час
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 23 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 16 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Светпред 12 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок