Поврзете се со нас

АТП

Македонска доминација во финалето во Мадрид: Ивановски го грабна третиот трофеј во кариерата!

Објавено

на

Фото: twitter.com/fedetenismadrid

Калин Ивановски продолжува со својата сензационална 2022-ра година, која дефинитивно ќе ја памети и по добриот крај во кој успеа да се закити со третата титула во својата професионална кариера.

Најдобриот македонски тенисер вчера со извонреден пресврт во полуфиналето го доби Сидан Понтјодикромо и си закажа завршна битка за нов трофеј, кој денеска го грабна со доминатна игра во финалето на ИТФ фјучерсот во Мадрид.

Ивановски не му даде никаква шанса на Марк Вајтхаус од Велика Британија и го доби првиот сет со еден брејк (6:4), додека во вториот беше фуриозен и со убедливи 6:2 стигна до нова важна титула.

Калин си заминува од шпанската престолнина како најдобар на турнирот кој се играше на тврда подлога и чиј награден фонд изнесуваше 15 илјади американски долари, но и со нов трофеј во своите витрини.

Тој е трет за него во професионалната кариера по оние во Тунис и Грција, а сите големи успеси дојдоа во оваа 2022-ра година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни