Репрезентација
Македонија загуби од Србија и остана без бронза на Медитеранските игри

Македонската ракометна репрезентација на крајот се враќа без освоен медал од Оран, бидејќи денеска загуби во „малото финале“ и не стигна до бронзата.
Во регионалното балканско дерби против Србија, нашиот северен сосед на крајот беше поуспешен и славеше победа од 34:29, триумф со кој се пласираше на третото место на Медитеранските игри.
Враќањето без бронзата е вистинска штета ако се земе во предвид како старт на мечот имавме денеска, бидејќи во првата третина од натпреварот често водевме со плус три и изгледавме како поквалитетна селекција.
Сепак, падот на крајот на првото полувреме продолжи со лоша игра и во вториот дел, а осцилациите во играта резултираа со конечен пораз и победа на поискусните српски ракометари.
Селекторот Кирил Лазаров го искористи овој турнир за да им даде шанса на многу млади ракометари, па сега ќе има подобра слика за нив и ќе одлучи дали заслужуваат шанса во најсилната селекција.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал