Поврзете се со нас

футсал

Македонија успеа да креира сензација во футсал, големата Германија е запрена во Скопје!

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години во футсал, денеска го започна настапот во претквалификациите за европското првенство, како домаќин на групата во која играат уште Германија и Косово.

Избраниците на селекторот Зоран Лекиќ денеска покажаа карактер, играјќи нерешено со фаворитот Германија!

Во натпревар кој по многу голови и пресврти заврши со поделба на поенот, Македонија може и да жали дека можела повеќе бидејќи во финишот имаа и нереализиран пенал.

– Имавме хендикеп во смисла на тоа дека оваа генерација нема играно многу натпревари заедно, а во своите клубови добиваат мала минутажа. Ги предупредив момците дека не смееме да примиме брз гол, а дури и да се случи тоа, дека никако не смеат да паднат психички. Германија сепак поведе рано, примивме два гола, но до полувремето изедначивме. Успеавме да се вратиме и да покажеме класа, поведовме со 3:2 во вториот дел. Би рекол дека момците изиграа со срце и дека нерешениот резултат е најреален, но во спортот тоа не секогаш излегува така. Во изедначен натпревар дури и мали грешки, прекршоци, можат да имаат големо влијание,- изјави Лекиќ за „Дерби“.

Во селекцијата до 19 години повикани се 15 играчи: Игор Скепаровски (Енхалон), Никола Спасовски (Железарец), Енис Фера (Арбен Бајрами), Стефан Тачев (Овче Поле), Малик Мемети (Арбен Бајрами), Милан Димитриевиќ (Академија ФФМ), Павел Русевски (Овче Поле), Кристијан Гавровски (Проект), Бојан Јанев (Проект), Дамјан Ангеловски (Осогово), Никола Анчевски (Железарец), Стефан Груевски (Клими Кавадарци), Мустафа Шуајб (Карадаку), Јусуф Јосифовски (Јувентус) и Теодор Наков (Мал Ајакс).

Утре во 17 часот се игра натпреварот Германија – Косово, а в сабота ќе падне одлуката по мечот Македонија – Косово.

Сите средби се играат во салата „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни