Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија го надигра Чиле и на вториот тест во Скопје

Објавено

на

Сениорската репрезентација на Македонија славеше над Чиле со 28-24 во вториот контролен меч во Скопје .

Пред неколку денови „црвено-црните“ триумфираа над јужноамериканците со 25-21 за да денеска по слично сценарио дојдат до втора победа во 2021 година.

На вечерашната средба одново имавме плус четири на полувреме (16-12) како на 5 јануари (15-11), па таа позитива донесе многу помирни втори 30 минути во СЦ „Јане Сандански“.

Иако одново настапивме без неколку стандардни имиња меѓу кои и капитенот Кирил Лазаров, тоа не беше проблем да се заврши задачата и да се комплетира двојната победа над Чилеанците кои да потсетиме за разлика од нас ќе настапат на престојното Светско првенство во Египет.

Кузмановски беше најефикасен со четири гола, по три постигнаа Талески, Пешевски и Поповски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни