Европски првенства
Македонија доби пеколно тешка група за ЕП во Германија (Фото)

Македонската ракометна репрезентација како второпласирана ја заврши групата во квалификациите за Европското првенство, а квалитативниот статус направи да ја чекаме денешната ждрепка од третиот шешир.
За жал, Македонија доби два од најтешките противници од првиот и вториот барабан, па така нашата селекција ќе биде дел од таканаречената „група на смртта“ во која флавни фаворити ќе бидат Франција и Германија.
Германија како домаќин на континенталниот турнир беше во вториот шешир, додека од првиот ја добивме репрезентацијата на Франција која традиционално атакува на медали на секој голем турнир.
Од последниот шешир беше извлечена репрезентацијата на Швајцарија, која ја затвора групата А која ќе се игра во градот Берлин.
Задачата за македонските ракометари ќе биде пеколно тешка, бидејќи во наредната фаза патуваат само двете најдобри селекции од групата, по што во главната фаза ќе разигруваат најдобрите 16 репрезентации.
Група А: Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
група Б (Манхајм): Хрватска, Шпанија, Австрија, Романија
група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција
All pots have been drawn 🙌
A: 🇫🇷🇩🇪🇲🇰🇨🇭
B: 🇪🇸🇦🇹🇭🇷🇷🇴
C: 🇮🇸🇭🇺🇷🇸🇲🇪
D: 🇳🇴🇸🇮🇵🇱🇫🇴
E: 🇸🇪🇳🇱🇧🇦🇬🇪
F: 🇩🇰🇵🇹🇨🇿🇬🇷 #ehfeuro2024 #heretoplay— EHF EURO (@EHFEURO) May 10, 2023
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Германијапред 11 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 14 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Италијапред 10 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 9 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 7 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 14 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 5 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)