Поврзете се со нас

Балкан

Мајсторска завршница: Етеми погоди во победата на Истанбулспор (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Валон Етеми даде гол и се израдува на победа на својот Истанбулспор во втората лига на Турција.

Домаќините во еден интересен меч славеа над Бурсаспор со 3-1 и тоа со пресврт. Вториот гол кој донесе промена во полза на Истанбулспор беше дело токму на Етеми кој прво одлично ја прими топката и потоа рутински реализираше во 68 минута.

Ова за Валон беше шести гол, плус имаше забележано седум асистенции. Нашиот ас и неговите колеги се наоѓаат на четвртото место со 52 освоени бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни