Поврзете се со нас

Англија

Мајката на Рабио ќе притиска синот да потпише за друг клуб: Вечерашен натпревар клучен фактор

Објавено

на

Мајката на Адриен Рабио, Вероник, според сите релевантни медиуми во моментов е кочницата за реализација на трансферот на фудбалерот од средниот ред во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ го контактирале Јувентус за ангажман на францускиот репрезентативец и брзо постигнале договор околу цената, но трансферот не може да се реализира токму поради Вероник Рабио.

Мајката на фудбалерот која е и негов агент ќе притискала нејзиниот син да се врати во Франција и да потпише за Монако, клуб кој исто така пројавил интерес за ангажман на нејзиниот син.

За Вероник Рабио клучен момент во преговорите со Монако ќе бил вечерашниот натпревар кој клбуот од Кнежевството го игра против ПСВ во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите.

Доколку, Монако не влезе во најелитното европско натпреварување, Вероник ќе влезела во преговори со Манчестер Јунајтед, во спротивно ќе притискала нејзиниот син да заврши во клубот од Франција.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни