Поврзете се со нас

Европски првенства

Магдевски: Не е важно кој бил најдобар, најважно е дека победивме

Објавено

на

Македонија со голем пресврт издвојува победа над Италија и утре во директен дуел против Естонија ќе се бори за билетот кој води на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ се вратија од минус 16 против Италијанците, а за тоа дефинитивно најзаслужен е Андреј Магдевски. Плејмејкерот на МЗТ Скопје кога беше најтенко беше најдобар, погодуваше и со својата игра донесе дополнителна енергија кај соиграчите за да на крај тоа донесе позитивен резултат.

Магдевски е среќен поради остварената победа, но смета дека простор за славје нема затоа што допрва следи битката која носи место на ЕП.

Тежок натпревар, верувавме и покрај тоа што поведоа со двоцифрена  разлика. Не се предадовме, и на крајот дојдовме до посакуваната победа. Немаме време да славиме. Мора да се одмориме добро, и утре да дадеме максимум да дојдеме до нашата цел, а тоа е пласман на Европско првенство, –рече Андреј и притоа дополни:

-Не е важно кој и како одиграл. Битно е дека игравме, дека се боревме како тим и дека извојувавме победа. Тоа е најважното,- констатира Магдевски заврши со 20.поени, 4 скокови и 4 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни