Поврзете се со нас

Свет

Лудило на мечот на Рајковиќ: ЦСКА губеше со пет разлика на 6 секунди до крајот и успеа да победи (ВИДЕО)

Објавено

на

ЦСКА Москва на македонскиот стратег Емил Рајковиќ забележа неверојатна победа во пресметката со Нижни Новгород во ВТБ лигата.

Гостите беа на добар пат да направат огромно изненадување и да слават во Москва, меѓутоа и покрај тоа што водеа со пет разлика на шест секунди до крајот остаа со празни раце.

ЦСКА успеа набрзина да постигне два поени по што следуваше огромна глупост на Бабурин кој при изведувањето на топката од под кошот наместо да го проигра најблискиот играч кој беше на едно метро од него, тој се реши да бара соиграч на средината на теренот што се покажа како катастрофална одлука.

Топката беше пресечена од Вер кој потоа реализираше тројка со звукот на сирената за 92:92 и ерупција на сите присутни во салата.

Во дополнителните минути „армејците“ го згазија Нижни со 12:4 и на крајот славеа со 104:96.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни