Поврзете се со нас

Англија

Лорен: Не можете да го споредувате Парти со Виера и Силва

Објавено

на

Томас Парти минатата година го засили Арсенал и тоа од Атлетико Мадрид, меѓутоа досегашниот престој на „Емирејтс“ е одбележан од неговите повреди и фактот што ретко е достапен или поточно во континуитет.

Тоа е проблем за „топчиите“ затоа што и самиот тренер Микел Артета истакна дека во Парти гледа лидер на средината на теренот, играч кој ќе може да донесе далеку поголема сигурност, стабилност што на Арсенал му е повеќе од потребна во овие моменти кога клубот се обидува да изгради нешто што одново ќе го смести меѓу најдобрите клубови во Англија.

Лорен многу добро знае што значи да се носи дресот на Арсенал, тој многу добро ги познава Патрик Виера и Жилберто Силва кои беа столбови во средината на теренот, па според него Парти едноставно во моментов не може да се споредува со Французинот и Бразилецот.

-Мораме да избегнуваме споредби бидејќи Патрик Виера е Патрик Виера, а Жилберто Силва е Жилберто Силва, двајца играчи од светска класа. Мораме да гледаме напред и да го подржиме Парти за тоа што е, тој е различен играч во различен состав. Не можеме да го споредиме Парти со Виира или Силва, бидејќи тоа не е вистинскиот начин за да се гледаат работите.

-Парти е квалитетен играч и го докажа тоа во Атлетико Мадрид и откако пристигна, беше брилијантен. Мора да се надеваме дека ќе избегне повреди бидејќи играч како Парти треба да игра секој викенд и тимот ќе има корист ако тоа го направи. Тој се уште има многу потенцијал да се подобри, така што колку повеќе игра тогаш толку е поголема веројатноста дека ќе ги достигне оние нивоа што ги очекуваме од него, смета Лорен со Арсенал освојуваше лигашки и ФА Купови во Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни