Поврзете се со нас

Евролига

Лидерот падна во „Палау Блауграна“: Барселона му го нанесе првиот пораз на Фенербахче (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона излезе како победник од дерби пресметката со Фенербахче во Евролигата.

Шпанскиот вицешампион се избори за триумф од 81-80 во „Палау Блауграна“, односно со ова стана првиот тим кој сезонава му зема мерка на Фенербахче во елитното кошаркарско натпреварување. Иако резултатот на крај е тесен, домаќините сосема заслужено го добија овој натпревар во кој прво име беше аргентинскиот репрезентативец Лапровитола со 26 поени на кои придодаде 7 асистенции.

Најголема негова поддршка беа Калиниќ со 14 и центарот Тоби со 13 кошеви. Кај поразените се истакна Мотли со 23 поени.

Резултати:

Жалгирис-Алба Берлин 88-81

Олимпијакос-Валенсија 82-83

Монако-Црвена Звезда 85-77

Виртус Болоња-Асвел 79-84

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни