Поврзете се со нас

Светски првенства

Лев за играчот кој ја шокираше цела Германија: Непотребно е да се поставуваат било какви прашања (Видео)

Објавено

на

Јоаким Лев призна дека неговите фудбалери немале решение за добро поставениот тим на неговиот колега Игор Ангеловски, на кого воедно му честитал за се она што направи во македонската репрезентација во изминатите неколку години како селектор на најсилниот состав.

Самиот Ангеловски го откри овој џентлменски чин на Лев кој бил реализиран во увертирата за натпреварот во Дуизбург, кој подоцна му донесе големи главоболки и силни критики на германскиот селектор кој веќе најави дека се повлекува од оваа функција по крајот на Европското првенство.

Според дел од германските медиуми, за него подобро е да не го води тимот на континенталниот собир по последниот пораз од Македонија, во кој видовме и една неверојатна утка од страна на Тимо Вернер кој во дадената ситуација се покажа како наш 12-ти играч пред голот на Димитриевски.

– Едноставно мора да ја смести таа топка во гол, нема никакви дилеми околу тоа. Непотребно е да се поставуваат било какви прашања, во минатото ни има докажано дека може да постигнува голови и треба да продолжиме да веруваме во него. Не ја удри топката како што треба со левата нога, ако имаше чист контакт со стапалото, тоа ќе беше едноставен гол, – изјави Лев, додека Гундоган му изрази поддршка на својот соиграч кој се најде на сериозен удар.

– Жал ми е за Тимо, тој е играчот кој најмногу сака да постигнува голови, но вакви утки се случуваат во фудбалот, – изјави Гундоган кој беше стрелец на голот од пенал за Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни