Поврзете се со нас

НБА

Ленард му залепи „банана“ на Мареј со средниот прст, Џорџ имаше урнебесен коментар за потегот (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Клиперс го потврди статусот на фаворит и славеше над Денвер Нагетс со 113-107 во третиот меч од полуфиналето на Западот со што поведе со 2-1 во оваа плејоф серија.

Клучна беше последната четвртина која Клиперс ја реализираше со 29-19, а клучната одбрана на дуелот дефинитивно ја имаше Каваи Ленард кој први водство на неговата екипа од 109:103 имаше една супер блокада над Џамал Мареј, „банана“ која ја комплетираше со средниот прст.

Ова дефинитивно ќе биде во конкуренција за потег на годината, најдобра реакција за тоа што се случи имаше Пол Џорџ кој во својот првичен коментар истакна:

-Тоа е екстра долг среден прст. Како да расте или нешто. Тоа е Каваи човече, -рече Џорџ.

-Таа одбрана на Ленард беше неверојатна. Не знаев дека беше со еден прст. Мислев дека е само изблокирана, ама беше импресивно. Не знам од кај дојде, -истакна тренерот на составот од Лос Анџелес, Док Риверс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни