Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер: Ова дефинитивно ми беше потребно

Објавено

на

Асот на Ферари, Шарл Леклер успеа да дојде до третата победа во овој Ф1 шампионат и тоа во трката за Големата награда за Австрија.

Леклер запиша победа во Австрија, гореше болидот на Саинц (ВИДЕО)

Шарл беше најбрз на „Ред Бул Ринг“ и со тоа дојде до прв триумф по пауза од три месеци, триумф кој може многу да значи во продолжението на оваа сезона.

-Ова дефинитивно ми беше потребно. Последните пет трки беа тешки за мене, но и за тимот. И конечно покажавме дека имаме темпо и дека можеме да бидеме неверојатни. Затоа мора да притискаме до крај.

– Беше добра трка. Темпото беше тука, уште од самиот почеток. Беше добра борба со Макс. Финишот беше многу тежок, но успеавме и на крајот сум среќен, -порача Леклер кој е втор во генералниот пласман со 170 бодови или 38 помалку од лидерот Макс Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни