Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Легендарниот Рони ги наброја петте најдобри спортисти во историјата, место има и за Ѓоковиќ

Објавено

на

Според многумина, Рони О’Саливен е најдобар снукер играч на сите времиња и тој важи за вистинска спортска икона во Британија, па поради тоа, беше посочен од Џејми Карагер како убедливо најголем во индивидуалниот спорт.

За разлика од тимските спортови, оние индивидуалните бараат посебен фокус и верба во она што го правите, а Рони дефинитивно е вистински перфекционист во снукер.

Седумкратниот светски шампион во гостувањето за „Еуроспорт“ излезе со мало појаснување на изјавата на Џејми Каргер, но притоа ги посочи своите пет фаворити за најголеми спортисти на сите времиња.

– Треба да разјасниме што точно кажа Џејми. Тој бираше најдобри во спортовите кои ги сака, а очигледно е дека многу сака снукер. Тој не ги бираше најдобрите на сите времиња во сите спортови, туку во спортовите кои му се омилени.

– Ако се прашувам јас, има место за пет. Прв е Аиртон Сена, а после него бокс легендата Мухамед Али. Во мојата листа се и Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Тајгер Вудс. Тоа е мојот список, јас сакам победници, немам време за луѓе кои не победуваат. Нема да кажам дека се губитници, но јас сакам само победници, – вели Рони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни