Поврзете се со нас

Франција

Латиноамериканска врска во ПСЖ: Покетино ќе го убедува Меси и ќе прави страшен тандем во нападот

Објавено

на

Тимот на ПСЖ одеднаш стана фаворит за ангажман на аргентинската супер ѕвезда, Лионел Меси кој по крајот на сезоната ќе си замине од редовите на Барселона.

Кон таборот на ПСЖ наскоро се очекува да се приклучи и Маурисио Покетино кој ќе седне на тренерското столче на кое ќе го замени Томас Тухел кој доби отказ на божиќната ноќ.

Токму овој потег на ПСЖ се смета како клучен во битката за ангажман на Лионел Меси кој сака нов предизвик пред крајот на својата кариера.

Имено според „Ле Паризиен“, Маурисио Покетино лично ќе го убедува Меси да потпише за тимот на ПСЖ со што би се формирал неверојатен тандем во нападот во кој ќе бидат Нејмар и Меси.

Доаѓањето на Меси во ПСЖ сигурно ќе ги оптовари касите на клубот, па така веројатно ќе се размисли и за продавање на Килијан Мбапе за кого сериозен интерес има од таборот на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни