Поврзете се со нас

Англија

Лампард со уште еден коментар поврзан со Вилијан: Немам никакви чувства

Објавено

на

Тренерот на Челси, Френк Лампард уште еднаш потврди дека не е сигурен дали Вилијан ќе игра во клубот и следната сезона.

31 годишниот фудбалер останува без договор и се поголема е веројатноста да си замине од клубот како слободен агент.

Лампард истакна дека клубот нема да пропадне ако еден играч си замине и истакна дека тој лично нема некакви чувства по повод заминувањето на играчот.

– Немам одговор на тоа прашање, во моментво Вилијан е наш играч. Всушност не се грижам за тоа и нема да бидам разочаран што и да с еслучи.

– Во клубот сторивме се што можеме да му објасниме на Вилија, а јас со него сум доста близок. Сепак, нема да имам никакви чувства на разочараност ако си замине, -изјави Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни