Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг со победа ја најави пресметката против Ливерпул (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на РБ Лајпциг го положија последниот испит пред првиот меч со Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Биковите“ вечерва го оправдаа статусот на фаворити и славеа над Аугзбург со 2-1 на отварањето на 21 коло во Бундеслигата. Избраниците на Нагелсман беа подобри, поконретни и заслужено се изборија за три бода со кои дојдоа на минус четири во однос на лидерот Баерн Минхен.

Олмо во 38 минута го отвори резултатот со погодок од пенал, а до крајот на првиот дел Нкунку зголеми на 2-0. Ова за гостите беше преголем залак, предизвик, па до крајот само се изборија за почесен гол кој го постигна Калигури во 77 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни