Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа пофали три деца на Реал по херојското издание против Хетафе

Објавено

на

Тибо Куртоа беше херој на Реал Мадрид оваа вечер, но тоа се покажа како недоволно да се освои цел плен на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе, бидејќи тимот на Зидан во најголем дел беше безопасен кон противничкиот гол.

Белгискиот чувар на мрежата имаше пет фантастични одбрани со кои ги спречи налетите на домаќините кои беа подобри и далеку поблиску до победата, па иако освоениот бод на прв поглед е неповолна вест за Реал во битката за титулата, ако се земат во предвид околностите и низата отсуства, истиот може да се протолкува и како задоволувачки.

– Измешани чувства, но секако дека постои разочарување за освоениот бод. Ние секогаш одиме на победа, но не е лесно да се направи тоа после толку многу натпревари во краток период. Теренот на Хетафе никогаш не е лесен, тревата се навистина многу сува и топката не циркулира како што треба.

– Протокот на топката е навистина тежок, добра вест е што имав одлични паради и што освоивме бод. Не примивме гол и тоа е единствено позитивно од овој натпревар. Треба да им се оддаде признание на младите играчи како Бланко, Арибас, Чуст, направија одлична работа и му помогнаа на тимот во тежок период.

– Во првото полувреме бевме премногу повлечени, во вториот се обидовме да реагираме, но не најдовме простор. Во тешките ситуации се покажува големината на еден тим. Ние го правиме тоа цела сезона, секогаш даваме лице на теренот, – изјави Куртоа по ремито од 0:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни