Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куман нема да смета на тројца важни играчи за средбата во Будимпешта (ФОТО)

Објавено

на

Барселона си ја заврши својата задача и обезбеди пласман во нокаут рундата во Лигата на шампионите, па сега тренерот Роналд Куман има можност да одмори дел од главните играчи со оглед на пеколниот распоред.

Минатата седмица Холанѓанецот одлучи да не ги повика Лионел Меси и Френки Де Јонг за гостувањето кај Динамо Киев кое каталонците го решија со 4-0. Утре ги очекува нов гостински меч против Ференцварош, средба за која нема да бидат во комбинација капитенот Меси, но и голманот Марк Андре Тер Штеген како и Фелипе Кутињо.

Ако на ова се додаде дека се повредени Пике, Фати, Роберто и Умтити тогаш е јасно дека Барса со комбиниран тим ќе се обиде да дојде до посакуваниот резултат во Будимпешта.

Интересно на списокот е и стоперот Ленгле кој се повреди на лигашкиот дуел против Осасуна и најавите беа дека ќе мора да паузира, но се чини се е во најдобар ред со него чим е на листата на патници за Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни