Поврзете се со нас

Шпанија

Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!

Објавено

на

Барселона одигра навистина одличен натпревар против Севилја во домашното првенство и со 0:2 славеше на „Рамон Санчес Писхуан“, стадион на кој пред извесно време претрпе идентичен пораз во Куп натпреварот.

Интересно, каталонскиот гигант го чека нов дуел со Севилја во среда во реванш дуелот во Копа дел Реј, пресметка пред која избраниците на Роналд Куман дознаа дека можат да се носат со противникот и комплетно да го неутрализираат. Победата од 0:2 секако е добра вест во пресрет на реваншот на кој ќе се обидат да направат пресврт на домашен терен, а Куман сериозно ќе треба да размили дали ќе го задржи истиот систем со кој денеска импровизираше.

Холанѓанецот се одлучи за нова тактика и промена на системот во 3-5-2, каде улога на тројца стопери имаа Пике, Ленгле и Мингеза, а напаѓи беа Лионел Меси и Усман Дембеле. Со промената на стандардната поставеност на теренот, воочи падна и тоа што Антоан Гризман не доби ниту една минута во дербито, но Куман нагласи дека тоа не е никаква казна за Французинот пред кој шанса доби и Брајтвајт.

– Го променивме системот за овој меч и се обидовме да ја притиснеме Севилја на секој начин. Ја притискавме од првата до последната минута, не ги оставивме мирно да играат и тоа беше генијален план од наша страна. Амбицијата која ја покажа тимот беше фантастична, сега треба да го задржиме ова ниво. Секако дека веруваме во пресврт во Купот против Севилја за неколку дена, – изјави Куман и додаде.

– Ова не беше никаква порака за Гризман, не станува збор за казна. Одлучивме да го промениме системот за да добиеме брзина во нападот. Со 0:1, потребен ни беше некој побрз од Антоан. Ова не е казна за него, станува збор за тактичка замисла, го бараме најдоброто решение за тимот и денеска ни требаше побрз играч од него, – додаде тренерот на Барса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни