Поврзете се со нас

Шпанија

Крос на обичен лист со пенкало го состави тимот со кој сака да игра на последниот меч во кариерата (Фото)

Објавено

на

Тони Крос заедно со соиграчите од Реал Мадрид се подготвува за реваншот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но Германецот пронајде малку слободно време за да одработи едно подкаст интервју со својот брат, при кое состави и навистина интересен тим.

Крос во повеќе наврати има порачано дека не се гледа уште многу долго во фудбалот и дека не планира да игра по 35-та година во животот, па откако неговиот брат го потсети на таа изјава, фудбалерот на Реал Мадрид доби за задача да го избере тимот со кој би сакал да го игра последниот меч кој би бил негов проштален во кариерата.

Германскиот играч за врска се одлучи за Нојер на голот, а во одбраната смести тројца играчи, започнувајќи со Рамос, па продолжувајќи со поранешните соиграчи од Баер Леверкузен, Кастро и Рејнарц.

Средниот ред е составен од четири играчи, а покрај своето, уште ги напиша презимињата на Модриќ, Касемиро и Кимих од редовите на Баерн Минхен, додека во нападот посочи три имиња.

Покрај Кристијано Роналдо за кого вели дека е најдобар играч со кого играл, ги напиша и Милер и Клосе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни