Поврзете се со нас

Италија

Креспо: Го разбирам Лукаку, јас се чувствував како него

Објавено

на

Ромелу Лукаку предизвика вистинска еуфорија во едниот дел од градот Милано, бидејќи навивачите на Интер сепак му посакаа топло добредојде, без оглед на тоа што тифозите најавуваат дека ќе мора да се бори на теренот за да ја поврати љубовта од минатото.

Факт е дека Белгиецот предизвика фудбалска треска во Милано ова утро и попладне и неговото движење до тренинг центарот беше пропратено од фанови, па откако стана јасно дека зделката за враќање на „Џузепе Меаца“ се реализира по само една година во Челси, со свој став се јави и Ернан Креспо.

Легендарниот голгетер кој настапуваше за Интер и Милан ја разбира одлуката на Лукаку, бидејќи тој идентично се почувствувал во Челси и едноставно побрзал за да се врати во Серија А.

– Лукаку реши да се врати и јас го разбирам. Во Интер се чувствуваше како крал, во Челси не беше така. Тоа е прашање на љубов, прашање на срце и тоа обично секогаш завршува добро.

– Јас исто така решив да се вратам во Италија бидејќи таму ми беше комотно, а во Премиер лигата не беше така. Кога бев во Челси, Анчелоти ме побара и побрзав за да се вратам во Италија и Серија А, затоа го разбирам Лукаку, – порачува Креспо за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни