Поврзете се со нас

Европски првенства

Костески: Без борба ништо не можеме да направиме, за да се случи чудо…

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Третиот меч за Македонија на Европското првенство во Германија е против селекцијата на Швајцарија, состав кој е пред нас на табелата со оглед на тоа што ремизираше со Франција.

Јасно е дека не очекува сериозен предизвик кој ќе даде слика дали можеме да се носиме со репрезентациите кои не во оној прв ред на фаворити. Ние имаме позитивен учинок во дуелоте со Швајцарците, меѓутоа тие постојано напредуваат и за тоа се свесни во нашата селекција.

-Видовте и самите, Швајцарија на дуелот со Франција даде 200 отсто и сите ги изненади. Знам дека Швајцарија има голем квалитет, иста доста ракометари кои настапуваат во Бундеслигата, главен им е Шмид. Веќе правиме анализи, нè чека тешка задача. Не очекува борба, без борба не можеме ништо да направиме. Мора да бидеме паметни во нападот, да ги намалиме техничките грешки кои ги имавме досега, само така може да се надеваме на позитивен резултат.

-Секој ракометар е свесен која е швајцарската репрезентација, тие стануваат сè подобри секоја година, а ние мора да се сплотиме и да го дадеме максимумот. Мора сите заедно да се бориме за да се случи чудо, искрено и да направиме позитивен резултат. Долго време не бев дел од репрезентацијата и ми беше тешко да ја гледам Македонија, а да не можам да помогнам. Секогаш бев подготвен да одговорам на предизвикот, да го дадам максимумот, нема играч кој не сака да игра за својата земја. Сакам да помогнам и да ја искористам секоја шанса, -истакна крилото Никола Костески.

Дуелот Македонија-Швајцарија е закажан за утре во терминот од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни