Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарската федерација повторно додели пасош: Натурализирана искусната Хемпе

Објавено

на

Кошаркарската Федерација на Македонија го искористи крајот на месец октомври за да соопшти ново име во најсилната машка репрезентација, а на овторањето на месец ноември, пристигна вест за големо засилување и во женскиот табор.

Федерацијата се предодреди да дели пасоши на странски државјани и да ги натурализира за засилување на ростерите, па така по Ти Џеј Шортс кој ќе игра за машката селекција, сега има новитет и во женската репрезентација.

– Кошаркарката на евролигашот УСК Прага, Мерит Хемпе ќе биде нов член на нашата женска репрезентација во продолжението од квалификациите за женскиот Евробаскет 2023.

– Искусната кошарка, родена на 27.јули во 1994 година во Фредериксбург, во САД, која со своите 193. сантиметри игра на крилната позиција, доби македонско државјанство, момент кој овозможува да игра како натурализирана кошаркарка за нашата најдобра женска селекција.

– Хемпе, иако има 28. години, важи за доста искусна интернационалка, која по завршувањето на Универзитетот Џорџија, каде во сениорската сезона имаше просечни 9.6 поени и 6.1 скока, премина во Европа, – објави кошаркарската Федерација.

Хемпе ќе дебитира на 24-ти ноември против Белгија во Леуверн, а потоа ќе игра и на натпреварот против Германија кој се игра три дена подоцна во СРЦ Кале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни