Поврзете се со нас

Македонија

Кошаркарска Прва лига: Убедливи изданија на фаворитите за титулата

Објавено

на

Деветнаесеттата рунда во најсилната кошаркарска македонска лига донесе шест натпревари во еден ден, а трите фаворити за највисок пласман остварија планирани победи и запишаа нови бодови.

Програмата почна со дуелот меѓу МЗТ Скопје и ТФТ кој му припадна на македонскиот шампион со сигурни 78:56, но убедливи беа и Работнички и Пелистер во своите натпревари кои ги одиграа подоцна денеска.

Актуелниот лидер на табелата немаше проблеми против Охрид и славеше како гостин во еден крајно ефикасен натпревар, кој заврши со резултат 96:111 за „црвените“ од главниот град.

Работнички со овој триумф ја продолжи добрата серија во домашното првенство и љубоморно го брани врвот, но разликата со МЗТ Скопје и Пелистер е многу мала.

Битолчани му се одмаздија на Чаир за поразот од крајот на минатата година и денеска славеа со 85:55, а победа после подолго време оствари и Еуро Никел.

Резултати:
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт 78:56
Охрид – Работнички 96:111
Пелистер – Чаир 85:55
Кожув – Академија ФМП 88:60
Еуро Никел – Феникс 84:68
Гостивар – Вардар 101:75

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни